Екс-директорот на Интерпол призна дека земал мито

Поранешниот шеф на Интерпол, Менг Хонгвеј, денеска се изјасни како виновен на неговото судење за земање мито во вредност од повеќе од два милиони долари, соопштуваат кинеските власти, пренесува Би-би-си.

Државните медиуми пренесоа дека судот во Тијанџин допрва ќе ја соопшти пресудата.

Менг, кој беше првиот шеф на Интерпол од Кина, исчезна минатиот септември враќајќи се од Франција.

Комунистичката партија подоцна потврди дека тој бил притворен за време на акцијата на претседателот Си Џинпинг против корупција.

Сопругата на Менг, која живее во Франција каде што доби политички азил, изјави дека обвинувањата против нејзиниот сопруг се со политичка позадина.

Total
0
Shares
Поврзани објави