Екс командат на ОНА Чакала упасен, па ослободен во Србија

Авдиљ Јакупи познат како Командат Чакала како што пренесоа деновиве almakos.mk и неколку медиуми на албански јазик во Македонија завчера бил уапсен па ослободен во Србија. Според медиумите поранешниот командант на ОВК во Македонија патувал коон Австрија во посета на блиски роднини. Српската полиција го слегла од автобусот со кој патувал и бил приведен. По сослушувањето било утврдено дека Јакупи во Македонија одлежал затворска казна од 14 години и два месеци , а од затвор излегол пред еден месец. Нему му е забранет влез во Србија. Јакупи беше обвинет дека го минирал возот на линијата Атина – Белград. Потоа додека бил во бегство киднапирал двајца македонски полицајци, за што доби 22 години затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави