Екс началник на УБК осуден на 6 години затвор за проневера на пари

Поранешниот шеф на кабинет на Сашо Мијалков и  екс началник во Управата за безбедност и контраразузнавање, Тони Јакимовски е осуден на шест години затворска казна за проневера на пари од посебната каса Управата.

Друго лице од службата доби четири годишна затворска казна. Судот утврдил дека од 2007 до 2017 година обвинетите подигале голема сума на пари од касата, а потоа ја криеле или уништувале документацијата за исплата без притоа да добијат одобрение од директорот на управата, и без формирање комисија за ништење на матерјали.

Според одредени проценки се работи за злоупотреба на 820.000 илјади евра. Осудените сега имаат право на жалба пред Апелациониот суд.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Катица Jанева:Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина

изјава на Катица Јанева по денешната снимка за случајот Рекет: Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со…