ЕКСКЛУЗИВНО (Lokalno.mk): ДАЛИ ПРОФЕСОРОТ КАЛАЈЏИЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА НОВ ЈАВЕН ОБВИИНИТЕЛ?

Додека разговорите за Законот за Јавно обвинителство е во ќор-сокак поради различните позиции на ВМРО-ДПМНЕ, до нашата редакција се појави интересна фотографија која покренува многу прашања, пренесува Lokalno.mk

Имено на фотографијата се гледаат професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев и некогашниот вицепремиер и близок соработник на Никола Груевски, Владимир Пешевски кои седат заедно.

Периодов, ВМРО-ДПМНЕ настапува со барање тие да го предложат новиот Јавен обвинител и тоа да биде професор на правни науки.

Оттаму, се поставува прашањето, за што разговарале Калајџиев и Пешевски? Дали професорот ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?

Дали на средбата се зборувало за непроверената информација на Калајџиев кој тврдеше дека писмото на Катица Јанева од затворот во Шутка било пишувано на компјутер, по што се потврди дека тоа било само лажна вест? Или пак се зборувало за случајот на СЈО „Траекторија“ каде е осомничен и Пешевски, а благодарение на Кривичниот суд, кривичното дело застари.

Низ јавноста се погласно се поставуваат прашањата дали во изминатата недела во неколку наврати, во тајната соба на ресторанот „Сушико“ професорот Калајџиев се среќавал со еден од тајкуните блиски до ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев?, прашува Lokalno.mk.

Овие прашања ги подгреваат и потврдуваат сомневањата во јавноста дека додека ја критикуваше работата на СЈО, Калајџиев всушност си правел простор за себе.

И додека се чекаат одговори, во периодот што следува ќе биде интересно да се следи развојот на настаните по оваа средба, особено во настапите и постапките на ВМРО-ДПМНЕ, Пешевски и Калајџиев.

текстот и фотографијата се сопственост на Lokalno.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави