ЕКСКЛУЗИВНО: Со лажен профил украдени и злоупотребени фотографии од деца во Скопје

Фотографии од деца украдени од социјалната мрежа Фејсбук осамнале на наградна игра организирана од позната продавница во Скопје. Продавницата која продава кинески прозиводи објавила оглас на социјалната мрежа Фејсбук дека наградува деца -девојчиња , момчиња со подароци. Во огласот фирмата се обраќа кон родителите и ги повикува да стават лајк на нивната фан страна и да објават слика од нивното дете и да коментираат, а оние кои ќе собрат најмногу лајкови ќе добијат награди куфер, воз или детски часовник.

Но на фан страната се појавиле фотографии од деца објавени од непознат лажен профил. Родителите преку социјалната мрежа Фејсбук почнаа да реагираат дека нивното дете е пријавено на наградна игра со фотографија од профил кој не го познаваат. Родителите почнале потрага, но профилот бил избришан. Сепак тие поседуваат фотографии од профилот кој им ги објавил фотографиите на децата и дури напишал за мојата мила ќеркичка или син.

Дел од родителите размислуваат дели да го пријават случајот во полицијата оти стравуваат дека е доцна со оглед дека профилот е избришан. Но сепак ќе се обидат бидејќи во случајот се злоупотребени фотографии на малолетни деца па стравуваат дека можеби понатаму тие фотографии може да бидат злоупотребени и за други цели.

На фотографијата е лажниот профил кој родителите успеале да го снимат и зачуваат, но сепак се надеваат дека полицијата или обвинителството може да го истражат случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави