Претседателот на Кривичниот суд донел одлука со која во одделот за прекршоци предмети од оваа година од областа на сообраќајот ќе се доделуваат само на еден судија. Останатите предмети и оние старите и по пет години ќе ги добијат останатите судии. Не е јасно зошто претседателот донел ваква одлука со која го заобиколува АКМИС системот за електронска автоматска распределба на предметите. Со оваа одлука според деловникот и правилата на постапување со АКМИС системот претседателот се става над овој систем. Наместо случајна распределба на предметите , оние од сообраќај преку компјутерџија од судот дирекно ќе одат само кај еден судија.
Постапката на претседателот со само иницијативно одредување судија кој ќе суди одредени предмети ги крши токму правилата на АКМИС системот кој е најважниот систем во судот дониран од Американската влада, а за негово сервисирање и подесување клучевите се сеуште кај донаторите, а македонското судство ги нема добиено
За АКМИС системот, од последната проверка пред неколку месеци од Министерството за правда и комисијата предводена од судијата Лазар Нанев, кој беше и проектен менаџер и судија истовремено пред неколку години кога во Штип се правеше судница за симулирани судења со американски пари, никој не се заинтересирал повторно да го провери. Ова го потврди и Претседателот Џолев. Но од министерството и од комисијата освен дека направиле проверки не објавија детали, ниту се знае каде заврши комисискиот извештај.
Ваквото постапување ги доведува и судиите од прекршоци во неповолна позиција оти на овој начин ќе бидат пренатрупани со предмети од кои некои од нив се стари неколку години и доколку брзо не ги решат може да застарат. Со тоа постои опасност судиите да не ги остварат нормите , може да им се намалат бодовите и да не може да конкурираат за повисоките судови. Најопасно е ако некој тоа намерно го стори , може да биде и разрешен.
Поврзани објави
Преспанскиот договор денеска на дневен ред на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 40. седница на која е предвидено да се дискутира за осум иницијативи…
Поради истечен мандат на поротник, ВМРО ДПМНЕ го напушти судењето за „Талир“ и доби казна од 3000 евра
Судијата Осман Шабани кој го води предметот „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ на денешното рочиште ја казни партијата…
Боки 13: Не сум винувен , јас сум измамен од Заев
Бојан Јовановски, при крајот на својот завршен збор, кој денеска го дава во Кривичниот суд, за “Меѓународен сојуз”, се…
Ламбе Алабаковски осуден на условна казна од шест месеци за палењето на „Ванчо Михалјов“
Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“…