ЕКСЛУЗИВНО: “Возилото е старо , пожарникарите пред пензија и така солзите си течат си течат”: oдговорен за опремата на пожарна со емотивна порака

По сообраќајката на противпожарно возило во Скопје во која тројца пожарникари се повредени на социјалните мрежи се појави емотивна порака од одговорен раководител токму во одделот за одржување на опрема во која е долги години. Во пораката се жали на условите во кои работат пожарникарите и опремата со која работат, а е на позиција каде треба овие проблеми да се менаџираат. Открива шоканти детали дека возилото е старо, а и пожарникарите се возрасни мажи кои веќе требало да бидат во пензија. Пораката ја почнува со пренесување на емоции кои го доживеал по информацијата за несреќата. Пораката ја почнува со следните зборови:
-Кога солзите сами ти доаѓаат… пробуваш да ги избришеш, пробуваш да ги спречиш или да ги сокриеш и кога колегите ке те прашаат што е не можеш да одговориш…ќе прашате зошто.
Раководителот кажува дека е 30 години во службата и стигнал до највисоките места во раководната структура, за потоа да открие детали за денешната несреќа.
-По добиената дојава за пожар во близина на Скопје се упатуваат две противпожарни возила со едвај скрпена екипа за гасење на пожарот и кога е побарана помош е испратено уште едно возило. Возилото во службата го рачунаме како едно од поновите иако е старо 18 години, а екипата упатена на пожарот ја сочинуваат луѓе кои своевремено биле врвни пожарникари и кои по стариот закон за пензија со задоволство би ги живееле пензионерските денови во мир и задоволство среќни со своите внучиња. Но за жал несериозно и недговорно во одредено време и не знам која администрација без да се консултира со пожарникарите го изменува законот и така доаѓаме до ситуација да имаме професионални пожарникари и професионални возачи кои работат и управуваат со пожари и поѓарникарски возила во поддминати години близу 60-сетата. Значи истите момчиња 30 години деноноќно се грижеа и сеуште се грижат за безбедноста на градот и околината, пишува во обраќањето.
Понатаму појаснува дека години наназад има одлив на пожарникари а нема прием на нови, а за состојбите во службата вели дека таа е целосно запоставена без набавка на нова техника и опрема.
Одговорниот на оваа служба обараќањето повторно како и на почетокот емотивно го завршува:
– И што се случува после 30 години, јас така горд и среќен што работам во пожарникарската служба со вклучени трепкачи следен од страна со погледи од луѓе кои навјеројатно се прашуваат зар и пожарна се истумбала, да обезбедам влечење на хаварисано истумбано пожарникарско возило и да мислам на тројца мои колеги кои завршија во болница, кои беа упатени да помогнат на луѓе на кои им беше потребна нивна помош…..и така солзите си течат , си течат…

Total
0
Shares
Поврзани објави