Експертската комисија во Скопје бара решение за историјата и јазикот

Мешовитата македоснка-бугарска експертска комисија денеска се состана во Скопје со цел до 10 ноември да изнајде решние за разликите меѓу двете земји околу историјата и јазикот.

Од напредокот на разговорите ќе зависи дали Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ.

Се очекуваат конкретни резултати за сите спорни прашања во врска со настаните од 19 и почетокот на 20 век, културните и политичките движења, особено фигурата на Гоце Делчев.

На досегашните состаноци комисијата постигна договор за 5 историски личности, меѓу кои за Свети Кирил и Методиј за Свети Климент и Свети Наум Охридски, за Цар Самоил и за Григор Прличев.

Министерот за надворешни работи Османи ги охрабри историчарите да ги усогласат своите ставови за да можат политичарите да ги затворат преостанати дилеми. Според него, непочнувањето преговори со ЕУ во декември би било неуспех и за Берлинскиот процес и за Унијата.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов и шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева со став дека Скопје не може да продолжи со европските интеграции ако не постигне компромис со Софија до 10-ти ноември за македонскиот јазик и за заедничката историја.

Брисел повикува двете страни да ги удвојат напорите за надминување на разликите со цел Македонија да започне проговори со ЕУ за членство до крајот на годината.

Total
0
Shares
Поврзани објави