Есад Рахиќ e нов директор на истражниот затворот во Шутка

На денешната владина седница Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор. Тогаш Заев побара оставка од Котевски.

Оставката на Котевски му беше констатирана веднаш, но за именување на новиот директор се чекаше да завршат претседателските избри. Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година кога беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат делуваше како независен.

Total
0
Shares
Поврзани објави