ЕУ бара казнување на напаѓачите на ЛГБТИ активистот Асани

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија го осуди личниот напад и заканите по живот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани и ги повикува органите на прогонот да го испита случајот, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Почитувањето на човековите права и владеењето на правото се камен-темелник на Европската Унија, каде секоја личност ги ужива овие права, без оглед на нивната сексуална ориентација“, стои во реакцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Тие потсетуваат дека Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше укинат по формална основа, беше првиот закон во земјата во кој беа вклучени родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основа за дискриминација.

„Ги повикуваме сите политички партии да го поддржат донесувањето на законот за антидискриминација од страна на новиот парламент како прашање со приоритет, развивајќи ги на тој начин меѓународните стандарди, и останувајќи посветени на унапредување на човековите права на ЛГБТИ лицата во земјата“, повикува Делегацијата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави