ЕУ ќе ги мониторира судските предмети за висока корупција

Новиот министер за правда Бојан Маричиќ најавува крупни реформски во првите сто дена од својот мандат за ефикасно и објективно прочистување и деполитизација на судството и обвинителството.

Маричиќ вели дека ќе има ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција како гаранција за фер и непристрасно судење и ефикасен судски процес како и редовно и јавно информирање од Јавното обвинителство за напредокот по предметите кои ги следат граѓаните.

Споре него ќе има и финансиската поддршка за зголемување на бројот на стручни соработници за секој судија и јавен обвинител и ефикасна и ефективна судска и јавно-обвинителска администрација, намалување на судската такса, како и надоградба на АКМИС системот каде што комуникацијата со сите странки ќе се одвива и електронски со што ќе се олесни пристапот до судската власт. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави