ЕУ не бара Србија да поставува жичаната ограда кон Северна Македонија

Радио Слободна Европа пред неколку дена објави дека Србија почнала да поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, за спречување евентуални масовни илегални преминувања.

Европската унија негира дека поставувањето жичана ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од некој договор со Белград.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонро, изјави дека Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите.

„Сепак, тоа финансирање не вклучува изградба на огради, кои, како што беше погрешно објавено, не се дел од ниеден договор со ЕУ“, истакна Писонро.

Радио Слободна Европа пред неколку дена објави дека Србија почнала да поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, за спречување евентуални масовни илегални преминувања.

Шчиприм Арифи, претседател на општина Прешево, за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договор со ЕУ.

„Мислиме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. балканска рута“, изјави Арифи.

Локалните власти во Прешево соопштија дека оградата треба да биде долга 147 километри и според најавите од властите во Белград, таква ќе се постави и на границата со Бугарија.

Од МВР велат дека повеќе информации треба да се побараат од српските власти, бидејќи оградата е на нивна територија, но од српската Влада засега нема официјален став. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави