Евроамбасадорот Гир негира дека има договор за преговарачката рамка

Евроамбасадорот Дејвид Гир негира дека во Брисел е постигнат никаков компромис помеѓу амбасадорите за бугарските барања, кој  наводно предвидува Бугарија да ги признае македонскиот јазик и идентитет, а Македонија да ги признае бугарските корени.

„Постојат многу шпекулации во медиумите. За мене, не сметам дека е корисно да додавам нешто на тие шпекулации. Тоа што е важно е дека треба да продолжи дискусијата. Треба да се постигне договор за преговарачката рамка која е една референтна точка во преговорите за пристапување во ЕУ и потоа ќе можеме да ја имаме меѓувладината конференција за да го започнеме самиот процес. Се надевам дека тоа ќе се случи колку што е можно побрзо.“ , изјави Гир. 

ЕУ засега нема заземено заеднички став околу бугарските барања за преговарачката рамка, како што се јазикот, името, македонското малцинство и историјата. 

Консензус за преговарачката рамка мора да има до 10 ноември или на Советот за општи работи во Брисел, може да се стави вето врз македонските преговори.

Total
0
Shares
Поврзани објави