Европската Комисија не го прифати барањето на Бујар Османи да се дозволи увоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ

Европската Комисија не ги прифаќа барањата за земјите од Западен Балкан привремено да ја отстрани авторизација на извоз на медицинска заштитна опрема од ЕУ и покрај тоа националните влади од регионот побараа ваква вонредна мерка за време додека трае борбата со епидемијата на корона вирусот. 

ЕУ останува на ставот дека средствата за лична ззаштита поради недостатокот со кој се соочуваат земјите членки нема да се извезуваат надвор од Унијата.

– Побаравме и да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави Европската Комисија за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар а кои што се однесуваат најмногу на медицинска опрема и средства за работа, рече вчера Бујар Османи, вицепрмиерот за евроинтеграции.

„Ова е привремена мерка и не е забрана за извоз. Целосно во согласност со обврските на ЕУ, со оглед на еволутивната природа на ситуацијата, Европската Комисија ревидираше неколку аспекти за да се исполнат целите“, нагласи денеска портпаролот Даниел Росарио.

Во моментов заштитна опрема од земјите од ЕУ можат да купуваат Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Фарските Острови , Андора, Сан Марино и Ватикан, но не и земјите од Западен Балкан.

текстот е сопственост на порталот Фактор.мк и е пренесен во целост поради детално информирање на јавноста во дадените околности

Total
0
Shares
Поврзани објави