ФАЦ: Македонските лидери со Ахмети ги заробуваат институциите

Во Северна Македонија на сцена е разградување на парламентарниот систем и негово претворање во консензуална демократија во која е најважно етничкото потекло, се вели во анализата објавена во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, насловена како „Мултиетнички грабежи“.

Весникот потсетува дека по конфликтот од 2001 и постигнувањето на Рамковниот договор, речиси непрекинато во власта е ДУИ раководена од Али Ахмети.

„Поддржувачите на Охридскиот договор велат дека тој ја спасил државата од крвав меѓуетнички конфликт. Скептиците тврдат дека тој е образец за мултиетнички грабеж на државата, затоа што етничката припадност (и партиска книшка) секогаш имаат предност пред перформансите и квалификациите: По секои избори содветниот победник во словенско-македонскиот кампус се договара со партија на Ахмети за заедничко заробување на институциите“, пишува ФАЦ.

Весникот смета дека Охридскиот договор го потикнал внатреалбанското ривалство кое излегува со се поголеми барања за да добијат повеќе за својата клиентела.

Според нив, договорот меѓу Заев и Ахмети за премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, е експеримент.

„Очигледно Ахмети се задоволи со симболичен успех“, пишува весникот.  Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави