Фајзер: Ефикасноста на нашата вакцина против корона е 95 проценти

Конечната анализа на вакцината за коронавирус на Фајзер и BionTech покажа дека нејзината ефикасност е дури 95 проценти, објавија овие компании. Тие уверуваат дека нема причина да се грижите за безбедноста на вакцината.

“Вакцината е подеднакво ефикасна кај сите возрасни, расни и етнички групи. Кај луѓе постари од 65 години, ефективноста беше повеќе од 94 проценти”, велат компаниите.

Експерименталното име за вакцината е BNT162b2, додека производителите нагласија дека независно тело ги следи резултатите од тестовите и несаканите ефекти на вакцината. Тие потенцираа дека досега не забележале сериозни проблеми што можат да ја загрозат вакцината.

Беше посочено дека поблаги несакани ефекти може да се почувствуваат кај постарите лица. Фајзер и BioNTech ќе побараат од американската влада да одобри итна употреба на вакцината, пренесува CNN.

Да потсетиме, од Модерна во понеделникот, 16 ноември, објави дека нивната вакцина е поефикасна од онаа што ја развија Фајзер и BioNTech. Само седум дена порано, Фајзер и БиоНтех изјавија дека нивната вакцина е ефикасна 90 проценти.

Total
0
Shares
Поврзани објави