Фатиме Фетаи за својата шефица – секој што се огрешил пред законот, мора да одговара – одложено судењето Монструм

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм” е одложено за 5 септември поради отсуство на претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, кој е на боледување. На денешното рочиште беше планирано да се слушаат бомби во врска со овој случај поради кои и СЈО воспостави надлежност.

Судијата Осман Шабани, информира дека поради економичност на постапката за денешното рочиште не е спроведен од затворот Штип осомничениот Фејзи Азири, како и дека не се повикани оштетените во постапката.

Обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи денеска изјави дека СЈО продолжува со застапување на предметите во судница без разлика што на нивната шефица Катица Јанева вчера и е одредена мерка притвор за случајот „Рекет”.

– Она што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара, дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во нашата држава и дека едноставно никој не е недопирлив. Меѓутоа од друга страна, индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување да се заборави целокупниот криминал што беше направен во нашата држава во последниот период и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продожуваме со она што е наша работа – застапување на предметите во судница, изјави Фетаи пред денешното ново рочиште за предметот „Монструм”.

Случајот за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, го води СЈО. Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Total
0
Shares
Поврзани објави