Филипче: Нема отпор од граѓаните против вакцинацијата

Филипче: Нема отпор од граѓаните против вакцинацијата и ќе биде безплатно

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека владата има одвојено доволно средства вакцинацијата против Ковид-19 да биде безплатно. Филпче смета дека кога вакцината ќе биде откриена има различни начини за набавка.

„Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител“, изјавил Филипче за Слободен печат.

Тој вели дека свеста на граѓаните за значењето на вакцините е подигната, особено по минатогодишната епидемија со морбили.

„Сметам дека сега, кога има болест за која нема вакцина, луѓето стануваат свесни колку вакцинацијата е всушност важна. И затоа мислам дека апсолутно нема да има отпор така како што имало во минатото, зашто болеста е тука, свесни сме и за нејзината тешка форма кај некои пациенти и нема да има отпор кај граѓаните тогаш кога вакцината ќе биде достапна“, додава Филипче. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави