Филипче: Заболена бабата на девојчето од Штип, жената на респиратор во критична фаза

СЗО посочи на брзо ширење на вирусот. 250 000 се заболени во светот од кои за 24 часа 12000, а смртни случаи над 800. Ова беше дискутирано и кај нас и ќе се обединат двете лаборатории државаната и од болницата Жан Митрев. Денеска се направени нови испитувања од кои 3 се позитовни. Скопјанец , патник во Србија и бабата на девојчето од Штип. Сите се стабилни, за сега само една пациентка е на респиратор и во многу критична фаза.

Државата има 120 респиратори кои за сега се доволни но се прави набавка. Проблемот е тоа што машините се запрени во Бразил и се обидуваме да ја ослободиме пратката. Ова е единствениот кој може да достави респиратори, но и Кина потврди дека 200 машини ќе даде кога ќе се подготви документацијата.

Досега се направени 888 тестови , а имаме упте 1400 и ќе имаме нови купени 1000 а нови 1000 ќе бидат донација, за следната недела од кои 300 достапни секојдневно.

Бројот на пациенти ќе расте. Поради непочитување на мерките попладне од Владата ќе побарам заострување на мерките.

Венко Филипче – министер за здравство

Total
0
Shares
Поврзани објави