Филипче: Жената од Куманово имаше негативен тест кој го повторивме и се потврди првиот наод

Пациенката во Куманово прв пат е прегледена со температура на 16 март. Биле поставени прашања и кажала дека не патувала во странство и немала контакти со странец. Следниот ден дошла со синот и повторно и двајцата кажале дека не се поврзани ниту со патување ниту со странци. Примаат третман.

На 19 март е констатирана пневмонија и се сместени во болница. Тогаш на два пати се направени анализи за корона тест и се негативни. На 20 март се прави повторно тест на мајката. На 21 состојбата се влошува , направени се обиди за реанимација. Компликацијата била ненадејна. Преиспитани се истите материјали повторно и е потврдено дека биле негативни.

министер Венко Филипче

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нови тројца заболени од корона

Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците…