ФОТО: „Алфите“ спасија маж од водите на Вардар

Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, претпладнево беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје.

Мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар во близина на Камениот мост и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи.

Двајца припадници на „Алфите“ влегоа за да му помогнат, а според информациите на МИА од терен, мажот давал отпор, не сакал да излезе и рекол дека сакал да се самоубие.

Кусо подоцна, мажот, сепак, беше изваден од водите на Вардар, без да биде повреден.

Total
0
Shares
Поврзани објави