Фото: Боки 13 топ дотеран и во форма пред судиите во Апелација

Првоосомничениот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски, на Јавна седница во Апелациониот суд денеска ќе побара укинување на мерката притвор. Силна полициска придружба го донесе во Апелациониот суд . И овој пат во истата зграда каде е и обвинителството што го гони , овојпат пред судии дојде топ дотеран , стилизиран и подготвен за да даде образложение зото треба да биде пуштен од притвор или да му биде дадена друга поблага мерка.

Апелациските судии ќе одлучуваат по жалбата на Боки 13 откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. На јавната седница, Боки 13 заедно со својот адвокат ќе ги образложат аргументите зошто треба да се укине притворот. Јовановски е веќе трет месец во притвор како првоосомничен за “Рекет”. Тој се уште го нема дадено својот исказ пред Обвинителката Вилма Русковска. Побара првин да направи увид во доказите со кои обвинителството го сомничи за примање награда и перење пари, па потоа да ја даде својата одбрана.

Total
0
Shares
Поврзани објави