Фото: Братчиња од Охрид се борат за живот откако биле прегазени од автомобил додека оделе на тротоар

Двете момчиња кои синоќа беа прегазени на улицата “Железничка” во Охрид се борат за живот.

Едното е на возраст од 11 години првично задржано во болницата за Ортопедија и труматологија “Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. Тоа според извори на болницата во костозглобна во стабилизирана состојба во текот на ноќта беше транспортирано во Скопје.

Додека пак другото братче е на возраст од 19 години  е со тешки повреди на главата. Веднаш  бил префлен на неврохируршка клиника во Скопје, но на инсистирање на родителите најверојатно момчето ќе биде пренесено во Систина. Тој е во животна опасност.

Охридската јавност е видно вознемирена од овој трагичен настан дотолку повеќе што двете деца според првите неофицијални информации се прегазени додека оделе на тротоар. Тие се враќале дома од бербер.

Неофицијално возачот на автомобилот кој ги прегази е жител на с. Лабуништа.

извор: skopje1.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави