ФОТО: Девојката на Пино неспремна за судење, мајката бесна – процесот одложен

Судењето за убиството за Пино Секондо беше одложено поради барање на одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиева. Нејзиниот адвокат кажа дека не се подготвени за одбарана бидејќи поканата за судењето ја добиле пред 4 дена . Судијата дозволи одлагање. Бурно рагираше мајката на Пино:

– На крај излегува дека обвинетата има повеќе право во суд отколку јас. Зошто да се трошат државни пари за судење кога таа веќе има признаено, ова ми делува на циркус, ќе се судиме месеци и месеци за нешто што веќе го има признаено – кажа мајкaта на Пино во изјава за медиумите по одложување на судењето, по што таа се обрати до медиумите:

„Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето дете го закопав во кутија од 58 сантиметри, на 27-28 сантиметри широчина. Тоа не е тело, тоа се коски.“

Судењето ќе продолжи на 27 ноември.

фото : sitel.mk

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави