ФОТО: Еколошка катастрофа кај Љубаништа и Св.Наум

Огромни количини (најмногу пластичен) отпад, за време на обилните врнежи изминативе денови, преку реката Черава од албанска страна завршило на брегот на Охридското Езеро, кај Љубаништа. Ова се случува секоја година, кога повеќе или помалку, отпадот кој се фрла во коритото на Черава од Албанија го загадува делот кoј што се влева во езерото, во местото викано Сукот.

Делот на Черава што е во Македонија е само течение и нема население или движење во тој дел, така што пластиката и останатиот отпад доаѓаат од Албанија. Со оглед дека Општина Охрид е збратимена со Bashkia Pogradec (Faqe Zyrtare), очекуваме реакција од нивна страна, за да ѝ се укаже на албанската општина за негативните практики на локалното население, чии последици се видливи во вакви услови.

Ова е само доказ за ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото, и нивно користење како депонија. Не е познато дали Реактивната мониторинг мисија на UNESCOIUCN и International Council on Monuments and Sites (ICOMOS), која неодамна го посети Охридскиот Регион, била однесена во обиколка на коритото на реката Черава или други слични локации претворени во депонии. За потсетување, со политичка одлука на Комитетот за светско наследство, минатата година, неколку локации од албанската страна на езерото добија статус светско природно и културно наследство и беа вклучени во Охридскиот Регион.

(фотографии: Александар Тасески)

Total
0
Shares
Поврзани објави