ФОТО: Изгореа шест стана во Гевгелија, отворени сметки за донации за помош на станарите

  • Шест денa по пожарот кој ја зафати зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 во Гевгелија се отворени официјални банкарски сметки за собирање на донации од граѓаните наменети исклучиво за оштетените семејства од опожарените станови од шестиот кат како и за другите семејства кои претрпеа штети за време на пожарникарската интервенција.
  • Од денеска, 05 август 2019, отворени се и трансакциски сметки за денарски и девизни парични донации за погодените семејства:
  • Име на Банката: ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
  • Носител на сметката: Игор Димов
  • Адреса на корисникот: Ул.Ристо Чавдаров бр.25/1-12 Гевгелија
  • Денарска трансакциска сметка: 270 -7000516742 – 74
  • Девизна трансакциска сметка: 270 -7000516745 – 65
  • IBAN Code MK07270700051674565
  • SWIFT EXPCMK22
  • Име на Банка ХАЛКБАНК АД Скопје
  • Седиште на банката: Ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54
  • Р. С. Македонија
  • Од Општина Гевгелија известуваат дека помош во предмети за домаќинство, апарати, мебел или друго што сметаат за неопходно за олеснување на животот на станарите погодени од несреќата со пожарот во станбената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ број 25 да донираат во просториите на Пионерскиот Дом во Гевгелија. Просториите на Пионерски ќе бидат отворени за прием на Вашите донации секој работен ден од 08 до 20 часот. Телефон за контакт: 070 459 345 (Мими).

Оваа информација следува по страотниот пожар во кој шест стана целосно се пеплосани ,а шест други уништени поради огромните количини вода за гаснење на огнот. Противпожарната бригада интервенирала со две возила и четворица пожарникари, а им се приклучиле колеги од Неготино, Валандово, „Комуналец“ од Доброволното противпожарно друштво од Дојран и околу 20 пожарникари.

gevgelijanet.comhttps://gevgelijanet.com/

Во пожарот кој избувнал во вториот стан од шестиот кат немало никој дома. Станот бил исклучен од струја од ЕВН. Дента била екипа да го приклучат и изби пожарот. Дали имало нешто вклучено сеуште се истражува. Неофицијално се зборува за вклучена греалка , но докази засега нема. Граѓаните се револтирани оти ЕВН вклучиле стан во кој немало никој. Првично сами требало да си платат проверка на инсталација, но по интервенција на Општината сепак проверката ќе биде бесплатна.

gevgelijanet.comhttps://gevgelijanet.com/

Становите брзо ги зафатил огнот оти дувал и силен ветер.

gevgelijanet.comhttps://gevgelijanet.com/
gevgelhttps://gevgelijanet.com/ijanet.com

фотографиите се сопственост на порталот : Gevgelijanet.com

Total
0
Shares
Поврзани објави