Фото:Како се зема брис за тест во Жан Митрев Клиника

Брисевите за тестирање за новиот коронавирус (SARS-CoV-2) се доставуваат на пунктот за собирање пред Жан Митрев Клиниката помеѓу 08:00-12:00 часот секој работен ден, почнувајќи од овој понеделник!!!

Пациентите што претходно си букирале термини, ќе имаат предност. Според нашиот протокол за спроведување, доколку имате симптоми, трето лице треба да ги донесе брисевите на пунктот. Моментално лабораторијата може да процесира 70 пациенти дневно. Доколку оваа бројка се надмине, Ве молиме доставете брисеви наредниот ден.

Додека чекате на ред, Ве молиме држете дистанца од најмалку 2 м до луѓето пред и после Вас. Бидете љубезни, трпеливи и со разбирање, бидејќи покрај пациентите ова претпоставува непогодна ситуација и за персоналот.

Резултатите се добиваат најдоцна два дена после доставување на брис.

KAKO СЕ ЗЕМА БРИС?
Потребно е темелно и длабоко да се земе еден брис од нос (двете ноздри) и еден брис темелно и длабоко од грло (да се избегнуваат јазикот и образите, а да се земе убаво од крајниците и ресичката). Потребни Ви се суви пластични брисоловки (не дрвени), на кои ЗАДОЛЖИТЕЛНО запишувате ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, ДАТУМ НА РАЃАЊЕ и соодветно ги обележувате со „нос” и „грло”. Никако не смеете да влегувате преку главниот влез на болницата.
Ве молиме да понесете лична карта и 1500 ден во готовина коишто ќе бидат преземени од персоналот, со цел минимално изложување во самата болница.

Email за контакт: [email protected]
Со почит,
Тимот на Генетска лабораторија – Zan Mitrev Clinic

Total
0
Shares
Поврзани објави