ФОТО: Кокаин пронајден во пакети со банани

Неколку стотици килограми кокаин биле пронајдени во пакети со банани, во супермаркети од синџирот „Алди“ во Росток, североисточна Германија.

Кокаин имало во шест продавница на „Алди“ во Росток и во логистичкиот центар на компанијата во градот Јармен, јави „Си-ен-ен“.

Полицијата претпоставува дека дрогата стигнала од Латинска Америка.

Од супермаркетите за „Си-Ен-Ен“ рекле дека дошло до инцидент, но не откриле дополнителни информации за да не се влијае на текот на истрагата.

Како што јави портпаролот на обвинителството, се претпоставува дека кокаинот на црниот пазар вреди околу 25 милиони евра.

 

insightcrime.org

 

Total
0
Shares
Поврзани објави