Маж изгоре по удар од струја

Утринава на вагон со нафта во скопскат населба Илинден маж изгоре по удар од струја.

Според првичните информации на Досие, било пријавено дека маж гори качен на цистерна за нафта. Со брза интервенција на пожарната служба е спречена уште поголема трагедија. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот и да спречат да ја зафати цистерната која е полна со гориво , но и да спречат огнот да ја зафати и околината.

Полицијата и обвинител ќе вршат увид да го утврдат идентитетот на жртвата и причините зошто се качил на цистерната и како дошло моментот да го фати струја. Човекот не можело да се спаси, горела облеката и тој е целсно изгорен.

К.М.

Total
0
Shares
Поврзани објави