ФОТО : Момчето избодено со нож на “Рекорд” , се бори за живот, полицијата не привела никого


“Вчера во автобус бр.57 беше прободено со нож моето внуче катили и несовесни неваспитани млади луѓе монструми, што им направи ова дете враќајки се од училиште нека им служи на чест и ГОСПОД да ги казни”
Ова е Фб статус на близок роднина на 16 годишното момче кое вчера беше избодено на автобуската постоја Рекорд во центарот на Скопје. Според последните информации, на момчето му се извршени неколку хируршки интервенции и е во животна опасност. Сите три убоди му нанеле тешки повреди на внатрешните органи. Еден од убодите бил дирекно во црниот дроб. Се уште еприклучено на апарати и се чека да се разбуди.
Момчето се возело во автобус 57. Внатре имало поголема група други момчиња од албанска националност. Почнале да го задеваат и во мометот кога слегол од автобусот еден од групата три пати му зарил нож во стомакот. Насилниците побегнале, а момчето со итна помош е пренесено во болница.
Момчето е дел од групата навивачи Комити , а за напаѓачите според очевидци се работи за насилници од навивачката група Шверцери. Според сознанија на dosie.mk ова не е прв напад на момчиња во автобуси. До сега имало неколку слични, но нападнатите поминале со помали повреди односно посекотини н араце и нозе. Ниту еден напад не е расчистен. Полицијата мочи и само регистрира настани во полицискиот билтен.

Total
0
Shares
Поврзани објави