ФОТО : Пазарџии спречија пожар на Зелено пазарче во Скопје

Попладнево само со брзата реакција на неколкумина пазарџии на Зелено пазарче во центарот на Скопје беше спречен голем пожар. По завршување на работното време изби оган на една од тезгите на која се продаваат апарати за електрика. Пазарџиите со ПП апарати и црева со вода успеаа да го изгаснат пожарот.
Во овој дел од градот поради паркирани возила тешко или скоро невозможно е да помине противпожарна екипа.
Се уште не се знае со сигурност, но најверојатно проблем со струјата на тезгата е причина за пожарот.

фото: dosie.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина маестро Џамбазов

Денеска почина Александар Џамбазов. Веста ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно,…