Фото: По пет децении целосно го реновиран објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче заедно со заменикот министер за здравство д-р Арменд Арслани и директорот на Институтот за трансфузиона медицина д-р Садула Усеини, вчера направија увид во објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот, каде се врши целосно реновирање.

После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина, како дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент.

Исто така, во одделот за хемостаза се реновирани и сите лабораториски простории и оформена е дежурна соба со што целосно се исполнети условите за 24-часовно покривање на потребите на клиниките за хемостатски анализи. Целосно е реновиран и Центарот за хемофилија и обезбедени се соодветни просторни услови за згрижување на пациентите со хемофилија и други коагулациски нарушувања.

Во специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот за трансфузиона медицина се третираат пациенти со длабока венска тромбоза и површен тромбофлебит. Ова е честа патологија која се прави во Институтот. Исто така, се прават и фемостатски анализи на поголем број пациенти по индикација на лекари.

Министерство за здравство

Total
0
Shares
Поврзани објави