Фото: После Tesla – Nikola

Компанијата Nikola објави технички детали и компјутерски рендери за електричниот пикап Badger.

Споредено со Cybertruck на Tesla, изгледот на Badger е поконвенционален, но и со модерен надворешен дизајн каде доминираат LED светла.

Габаритно гледано, возилото е долго 5.900 mm, широко 2.160 mm и високо 1.850 mm.

Рендерите ја прикажуваат таканаречената „double cab“ верзија, со два реда седишта пред товарниот дел, а засега не е објавено дали ќе има и опција „single cab“.

Инаку, во плановите на компанијата се две верзии кога станува збор за погонот. Иако и двете се електрични, едната ќе користи водородни горивни ќелии за производство на електрична енергија во самото возило, додека другата ќе се потпира само на батерии и класичен начин на нивно полнење.

Класичната електрична верзија ќе биде опремена со литиум-јонски батерии со капацитет од 160 kWh и ќе има автономија до 483 километри. Моделот на водородни горивни ќелии, од друга страна, ќе може да патува до 966 километри со полн резервоар со водород.

Вака висок степен на автономија ќе може да се постигне благодарение на тоа што варијантата со горивни ќелии ќе има и батерии кои можат да се наполнат со класичен начин на полнење, така што ќе може наизменично да се користи зачуваната енергија од батериите, како и онаа добиена од водородните горивни ќелии.

Производителот посочува дека електричниот камионет ќе има максимална моќност од 919 КС, додека на возачот постојано ќе му бидат достапни 462 КС. Максималниот вртежен момент ќе биде 1.329 Nm.

Од Nikola велат дека Badger ќе може да повлече до 3.629 килограми. Плановите за сериско производство и цените не се соопштени, но затоа точно се знае датумот за претставување на конечната верзија – септември 2020 година.

izvor: dodajgas.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Карл Лагерфелд

Светски познатиот дизајнер Карл Лагерфелд почина на 85 годишна возраст. Извори блиски до модната куќа Шанел ја потврдија…