Фото: Скопските маркети спремни за чистење

Со најавата на новиот полициски час, скопјани повторно ги испразнија рафтовите во поголемите маркети.

Најмногу се празнеа рафтовите со месо, брашно, шеќер, а најпродаван производ денеска беше лебот.

Владата повторно го воведе полицискиот час. Ваквата одлука следуваше по зголемениот број на заболени со корона вирусот. Според одлуката, од вечерва во 21 часот па сѐ до 05 часот во понеделник, се забранува движењето во Скопје, Тетово, Куманово, Липково и Штип.

Во сите останати градови се забранува движење од вечерва, од 21 часот до наредниот ден, до 05 часот наутро. В петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 05 часот наутро.

фото: фб

Total
0
Shares
Поврзани објави