ФОТО: Сообраќајка кај Добрашинци, едно лице загина, двајца повредени

Попладнево околу 13:30 часот во близина на селото Добрашинци, струмичко се случи сообраќајна несреќа помеѓу „Шкода Октавија“ и „Фолкцваген Шаран“.

Едно лице загина, а двајца се повредени. Повредените се префрлени на Хируршкото одделение во Струмичката болница. Засега нема информации за нивната здравствена состојба.

Според информациите од Противпожарната единица на Струмица, кои интервенирале на извлекување на починатото лице од автомобилот, ангажирани биле седум пожарникари со две противпожарни возила, бидејќи од силниот удар настал и пожар покрај патот, каде гореле суви гранки и трева.

Полицијата е на терен и ги утврдува причините за сообраќајката.

ФОТО: ТППЕ Струмица – Stumicanet.com

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Професор Чепреганов: Потребен е полициски час, заради ниската свест кај популацијата за сузбивањето на коронавирусот

Познатиот невропсихијатар проф. д-р Методија Чепреганов ја анализираше ниската свест кај граѓаните во придржувањето на мерките за изолација…