ФОТО : Влажниот снег рушеше челични столбови на ЕВН

Од денес напладне состојбата со напојување со електрична енергија во Охридскиот регион и пошироко е нормализирана. Причина за проблеми со струјата се скршени односно срушени далноводи челични столбови ,како што е оној на фотографијата. Влажниот снег кој се лепи на проводниците замрзнува и станува проводникот многу тежок. Ги влече надолу столбовите и кога ке се скине проводникот тие се виткаат во спротивна насока или ке се извитка кабелокот околу фундаментот, појаснуваат од ЕВН.
Екипи на ЕВН деноноќно работеа на отсранување на оштетените далноводи.
Во овој регион постојано се појавува овој проблем.
Пред две години состојбата била најалармантна. Пандале 60 челични далноводи и 120 дрвени и бетонски токму во истиот регион.
Снабдувањето со електрична енергија на населените места во југозападна Македонија, кои беа зафатени од невремето предизвикано од обилни врнежи од дожд и снег, се нормализира. Екипите на ЕВН Електродистрибуција денес успеаја да ги приклучат под напон скоро сите корисници од населените места во реканскиот крај, каде што се јавија повеќе проблеми при санацијата поради лошите временски услови. До крајот на денот ќе се работи да бидат приклучени и највисоките планински села во овој регион.
Од ЕВН попладнево соопштоја дека тимовите на електромонтери од утринава се сконцентрирани на замена на скршените челични и бетонски столбови на врската Лабуништа – Луково, каде што работите одлично напредуваат и до крајот на денот скоро сите корисници ќе добијат електрична енергија.
Во отстранување на дефектите е ангажиран максималниот расположлив капацитет од страна на ЕВН Електродистрибуција и надворешните компании, кои користеа зимски моторни возила, моторни санки и друга техника. Два дена при тешки временски услови, големи наноси од снег и одрони на патиштата, работеа во повеќе смени и преку цел ден со цел да се овозможи нормално снабдување на корисниците од охридскиот, струшкиот, ресенскиот, кичевскиот, гостиварскиот, тетовскиот регион како и реканскиот крај.
ЕВН Електродистрибуција ќе остане на терен се додека не бидат приклучени во дистрибутивната мрежа и последните населени места кои се без напојување поради невремето.

????????????????????????????????????

Total
0
Shares
Поврзани објави