Фото: Во Кичевско се реставрира македонска куќа

Старите куќи во селото Белица, кичевско можат да станат атракција, откако денеска почна реставрацијата на неколку куќи, кои треба да го зачуваат автентичниот традиционален изглед на старите македонски куќи во кичевскиот регион.



Почетокот на реставрацијата жителите на ова село ја обележаа со фотографии објавени на Фејсбук страната на село Белица, Кичево.

На овој начин куќите ќе бидат спасени од забот на времето, но и претворени во функционални објекти.



Ваквите глетки се многу ретки да се реставрираат стари куќи, зашто денес луѓето повеќе се ориентираат на изградба на модерни куќи.

Овој начин значи и зачувување на вековната историја на македонската архитектура која во секој регион од државата има свои специфилности и белези.



Сега се прави комплетно уредување на дворот и куќите кај фамилијата Чакароска, каде се планира комплетна реставрација во внатрешноста и на голема покриена тараса.



Претходно активно се работело на санирање на куќата кај фамилите Вељаноски .

Жителите од селото упатуваат поздрав до сите нивни роднини и пријатели кои ги имаат насекаде по светот.

Извор: село Белица-Кичево

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави