Фото: Возачи во Цементара чекаат на шалтер во гужва без контрола

До порталот Досие возачи кои чекаат налог за пат испратија фотографија на која се гледа дека нема никаков ред за чекање на шалтер туку сите се еден до друг во гужва застанати. Според наши извори иако има обезбедување кое треба на направи ред со оглед на препораките поради пандемијата на корона вирус – возачите од утринава чекаат ред со буткање кој прв ќе стаса до шалтерот.

Мораме да чекаме ако сакаме да возиме. Многу ни е страв но фирмата нема организирано ред за чекање. Се буткаме гужва од 7 утринава. Многу лесно може да се збаолиме не само од корона туку и од други болести кои сега се шират. Никој не води сметка за нас и не се туди да не заштити, велат за Досие, револтирани возачи.

Возачите носат заштитни маски и друга опрема но ваквото доближување на еден до друг ги плаши дека ниту заштитната опрема нема да им помогне да се заштитат од корона ворусот.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави