ФОТО- Жената која загуби се, го закопа синот и не сакаше да живее доби топол дом и топол оброк

Здружението Стопли Срце и многу хумани граѓани успеаа на жената за која објавивме дека живее чувајќи кучиња колку да преживее и обезбедија топол дом и редовен оброк. Млада но намачена , образована но неспособра за работа оти немаше воља за живот, ги закопа родителите, но животот и го пресече смртта на синот.

Со огромна благодарност до сите вас кои помогнавте, сакаме да ве известиме дека конечно домот на оваа напатена жена е среден!
Благодарност до @alen divjakovski, @mece inzinjering, Анита која го организираше нивното друштво да се приклучат и помогнат, ве има многу што се приклучивте и допринесовте за овој дом да изгледа вака, блгодарност до секој еден од вас ! ❤️
Електрика сменета, прозори сменети, молерај, клима, фрижидер, шпорет, тв, мебел, завеси итн, се ова е благодарение на вас мој хуман народе! ❤️
Заедно поместуваме планини дечки!
На жената ке и посакаме мирен, достоинствен и спокоен живот, а на вас кои помагате , Господ да ве чува ❤️

Здружение Стопли Срце

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА ПРИКАЗНАТА И ФОТОГРАФИИТЕ ЗА ЕДЕН МАЧЕН ЖИВОТ НА МЛАДА ОБРАЗОВАНА ЖЕНА КОЈА ИЗГУБИ СЕ НА КРАЈОТ И СИНОТ – ЧУВАШЕ КУЧИЊА КОЛКУ ДА ИМА ЗА ШТО ДА СЕ РАЗБУДИ НАУТРО ….

24. јули 2019. / 20:37

Млада жена живее да не преживее, чувањето кучиња ја спасува од најлошото!

Млада жена до пред 8 – 9 години имала нормален живот. Самохрана мајка со факултет , со работа , полна елан, со син убавец и живее , работи и создава за детето кое и е се во животот. Починуваат родителите еден по друг , останува сама на себе , ама животот оди понатаму.

И животот оди некако , се до еден момент кога доаѓа дома и и ја соопштуваат најлошата вест, дека нејзниот син единец на 18 години си го одзел животот. Нејзиното се веќе го нема. Зарем на мајка и вреди животот после ова?

Од тогаш животот и застанува и почнува да животари во агонија од болка. Неверување, смообвинување, самоуништување, прашања каде згрешив, плач и лелек. Со години лекови, од гробишта дома , осаменост, немаштија. Ја оставаат сите еден по еден, нема повеќе пријатели, нема никој. Не гледа причина зошто да живее и посегнува по својот живот, но не успеала. Вели “плачев додека умирав зошто знаев дека е грев, сега вака само се молам да ме фати некоја тешка болест да умрам побрзо”. Секој ден се моли да умри, да не се разбуди оти нема зошто да живее.

Осум години не е излезена од дома. Единствено нешто што ја буди изутрина е чувањето кучиња. Од време на време добива по некое кутре за чување кои и се единствена утеха после толку години. Кучињата го уништиле мебелот но само тие и даваат љубов и и прават друштво. Живее за да се разбуди оти треба да нахрани некое куче. Само тоа ја одржува и ја враќа во живот.

Тоа и е и единствената егзистенција. Помош нема, социјално не прима , има долгови , фрижидер расипан и празен. Станот е празен исто како што и е и душата.

На оваа жена кучињата и помогнаа да се буди секое утро со мислата дека треба некого на нахрани , а ние да помогнеме со мебел шпорет, тв , двосед, тросед, тепих, се што може кој колку може. Материјалното нема да ја излечи болката, но барем достоинствено да живее и се почесто да има ронка насмевка на нејзиното лице кое едвај може да се каже насмевка. Солзите никогаш нема да и престанат, но ние сме одговорни да и подадеме рака.

Total
0
Shares
Поврзани објави