Георгиевски: Секоја генерација на бугарски политичари успева да донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија

Поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски на Фејсбук напиша дека бугарското вето за македонските евроинтеграции ќе биде само континуитет на погрешните одлуки на Бугарија од времето кога за официјален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик.

„Од времето кога за официјален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик па до денес секоја генерација на бугарски политичари успева да донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија. Ветото само ке биде континуитет на таквата катастрофална политика.“, напиша Георгиевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави