Германија упорна Скопје до крајот на годината да почне преговори со ЕУ

Министерот за надворешни рабти на Германија Хајко Мас на денешното доделување на награата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на македонскиот премиер, Зоран Заев, изрази надеж дека Северна Македонија до крајотна годината ќе почне преговори со Еропската унија.

„Водиме интензивни разговори за да ја одржиме првата пристапна конференција уште оваа година за време на германското претседателство“, рече Мас.

Во својот говор, германскиот министер, воопшто не ја спомена утрешната средба на министрите на ЕУ како можен епилог од спорот. Клучно е во наредните денови да се најде решение, а Германија е подготвена да помогне на тој пат, дополни тој.

Мас го претстави Заев како надеж на една генерација на која и беше доста од национализмот и од политиката кој повеќе гледаше кон минатото наместо кон иднината.
„Трпеше удари, но не се откажа од твојот зацртан пат кон Европа. Новите избори го потврдија твојот про-европски курс. Првите плодови на оваа политичка храброст Македонците ги пожнеаја во март годинава со влезот во НАТО како 30 сојузник. Голем чекор за твојата земја, но и голем чекор за безбедноста на целиот регион на Западниот Балкан“, рече Мас.

Total
0
Shares
Поврзани објави