Гевгелија останува со 2 позитивни на Ковид-19

Гевгелија останува со бројката од 2 полициски службеници, позитивни на Ковид-19.

Денеска пристигнаа сите резултати од 170 тестирања, направени изминатите два дена во Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија.

Доктор епидемиолог Сашко Олумчев, вели дека на Ковид-19 позитивни се шестмина полициски службеници. Освен двајцата гевгеличани, денес, позитивни се уште тројца, кои не се од општина Гевгелија, додека се очекува резултатот уште на еден полициски службеник, кој исто така не е од нашата општина.

Сите полицајци од странскиот контингент кој ја обезбедува грчко-македонската граница се негативни на Ковид-19. Контактите на двајцата полициски службеници од Гевгелија се детектирани и ставени во изолација, каде што ќе ги очекуваат оние задолжителни тестирања по истекот на определениот временски период, изјави доктор Олумчев.

Total
0
Shares
Поврзани објави