Ѓурчевски: Топаловски треба да одговара за лажно пријавување

Пет дена откако им беше  определен осум дневен притвор полицијата не може да ги пронајде  советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат, осомничени за напад врз охриѓанецот Спиро Топалоски, но и неовластено држење на оружје.

Полицијата уште нема распишано ни централна ниту меѓународна потерница затоа што такви биле насоките од судот. Тие напорно работеле на пронаоѓање и приведување на браќата Усеини, но од нив нема ни трага ниту глас.

Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчески вели дека во моментот кога судот определил мерка притвор бил должен да издаде наредба за распишување на потерница.

“Кога определил мерка притвор, бил должен да определи и меѓународна потерница, затоа што Судот сигурно добил некакви известување од страна на обвинителот, кои се причините за недостапноста, дали лицата се надвор од Р. Македонија , дека не се присутни на територијата, дека се кријат некаде, значи со самото тоа се направиле недостапни, изјавил за Канал 5, Љубомир Ѓурчески, Поранешен началник во МВР.

Пред два дена охриѓанецот Топалоски, кој јавно обвини дека бил тепан и добил закана со пиштол од браќата Усеини пред очите на неговиот малолетен син се предомисли и ја смени изјавата со што случајот доби поинаков правец.. Сега тој тврди дека станувало збор за недоразбирање и оти му се причинило дека тие имале огнено оружје.

Според Ѓурчевски топката сега е префрлена во Јавното обвинителство, кое треба да утврди дали сега има елементи за лажно пријавување од страна на Топалоски.

“Јавното обвинителство треба да утврди дали има елементи за кривично дело лажно пријавување на кривично дело од страна на порано оштетениот кој предизвика интервенција на државните органи. Знаете тоа кривично дело малку предизвикува и револт кај граѓаните кога за прв пат ќе се пријави објави дека некој сторил такво насилно кривично дело кај што било употребено оружје, па уште ако е различна националност па тоа да создава дополнителна нервоза паника и омраза.”, тврди Ѓурчески.

Од Обвинителството велат дека работат на случајот, за кој прибираат материјални докази, сослушуваат сведоци. Охриѓанецот Топалоски велат бил сослушан во текот на минатата недела, но не откриваат каков бил неговиот исказ. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави