Гласале 9330 избирачи – болни и затвореници, изборниот молк до 21 часот

На вториот ден од гласање денеска гласале 9330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани. Тој рече дека ова не се целосни податоци, зашто се чекаат податоците од уште некои општински изборни комисии, а целосните резултати ќе бидат објавени утре.

Денеска гласаат болните и немоќни, во старечките домови, затворениците и внатрешно раселените.

Болни и немоќни гласале 7861, во домовите за вонсемејна грижа гласале 234 од 357 гласачи, а во затворите гласале 1235 луѓе што се скоро 75 отсто од пријавените, со тоа што недостигаат уште гласовите од прилепскиот затвор.

Вчера гласаа 723 заболени од ковид-19 или лица во домашна изолација, а утре е главното гласање на предвремените парламентарни избори.

Total
0
Shares
Поврзани објави