Глушец од wc школка влегол во дом на стружанец

Струга вире од глувци, а канализационата мрежа воопшто не е прочистена со години. Дека не е направена навремена дератизација е примерот на стружанец кој деновиве успеал до стап да убие глушец кој влегол од тоалетната шоља во купатилото. Два дена го бркал за да го фати оти човекот има мали деца и опасно е во станот во кој живее да стави отров.

Според податоците кои може да се најдат на интернет последен пат дератизација во Струга била извршена 2015 година. Акцијата тогаш била најавена дека ја изведува Центарот за Јавно Здравје во соработка со Општина Струга. Дератизација била поради преземеање мерки против глувците за намалување на ризикот од болести и економски штети, пишувало во соопштението кое последно се појавува за ваква општинска активност.

Стружани се снаоќаат како знаат и умеат. Со отрови, лепаци и стапици да ги ловат глувците од кои некои се веќе и стаорци кои се опасни по здрвјето на луѓето. Луѓето се повеќе дома чуваат мачки или ги хранат оние околу објекитите, оти тие ги ловат глувците.

“Толку се накотија , не може да постигнат и мачките се заситија”, вели стржанецот чија сторија ја пренесуваме. Тој е еден од жители на градот кои бараат експресна реакција од општината односно да се изврши дератизација на аканализационата мрежа , загржиени пред се поради опасноста од болести, зарази и каснувања.

фото: Фотографија од глушецот фатен деновиве во куќа во Струга

Total
0
Shares
Поврзани објави