Голем пожар во беровско, од 13 пожари само 4 изгаснати

Пожарот во м.в Цареви колиби с.Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума сеуште е активен. Во гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички. Поради временските услови екипите биле повлечени од терен а останале само дежурна екипа за следење на пожарот“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.40 пожарникари и припадници на шумската полиција од утринава гаснат голем пожар кај месностите Готен и Цареви Колиби, пренесува ТВ Стар.

Очевидци за телевизијата тврдат дека глетката е катастрофална по природата, бидејќи горат столетни дрвја, а животните панично бегаат.

Дали и кога пожарот ќе биде ставен под контрола и изгаснат во овој момент нема информации.

Во текот на вчерашниот ден беа активни повеќе од 13 пожари, четири од нив се ставени под контрола и изгаснати.

Вчера целосно бил изгаснат пожарот што избувна на 28 март над маалата „Аџии“ и „Траканица“ во село Саса-Македонска Каменица во кој изореа папрат, сува трева, борова и букова шума. Во гасење на пожарот учествувале екипи од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, вработени во Шумското стопанство „Голак“-Делчево, вработени во ЈП „Камена Река“-Македонска Каменица и вработени во рудникот „Саса“.

Исто така во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар покрај железничките пруги во правец од железничка станица „Драчево“ кон железничка станица „Лисиче“, при што биле опожарени околу 100 дрвени нефункционални прагови, жици и два оптички кабли од два контактни столба. Повредени лица нема. Во 13.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Нешто подоцна во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар над манастирот „Св.Богородица“ во село Матка, при што биле опожарени околу 15 хектари нискостеблеста шума. Во 15.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Додека пак околу 18 часот во Полициското одделение Осломеј било пријавено дека на место викано „Долг Камен“ во атар на село Калешовци настанал пожар, при што била опожарена сува трева, стрништа, смреки, високо и нискостеблеста дабова шума и овошни насади на површина од околу 1000 метри квадратни. Во 19.10 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Дете падна од тераса

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски,…