Големи редица за субвенции за велосипед и тротинет

Редица граѓани од утрово чекаат пред бараките на Град Скопје откако беше објававен повикот за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

И покрај големата редица за субвенции за велосипеди и електрични тротинети, се тече во најдобар ред.

Од денеска почна поднесувањето на барања за доделување на субвенции од Град Скопје за купени велосипеди или електрични тротинети. Интересот на граѓаните коишто набавиле велосипед или електричен тротинет е многу голем, а редот и физичкото растојание меѓу граѓаните го одржуваат редари. Граѓаните коишто чекаат ред ги почитуваат препорачаните мерки за лична заштита и носат маски.

Градот Скопје апелира граѓаните да ја држат потребната дистанца, да носат заштитна опрема и да имаат трпение додека чекаат да ја предадат потребната документација за добивање субвенции, велат од Град Скопје.

Градот Скопје ќе субвенционира средства во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

фото : slobodenpecat.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Груевски најави враќање?

По повод свеченото пуштање на автопатот Скопје Штип екс премиерот Никола Груевски на својот ФБ профил детално напиша…