Гостиварци поставија блокада пред депонијата Русино

Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ денеска го затвори влезот на депонија Русино. Поставена е рампа на патот кај „Микрогранулат“, во близина на депонијата, а подигнати се и шатори каде ќе престојуваат учесниците на блокадата.

Тие бараат да се изгасне пожарот во депонијата, кој пушта отровен чад и го дишат жителите на Гостивар и на околните села. Исто така, бараат да се обезбедат камери, за локацијата да се обезбеди од дивите потпалувачи.

Блокадата ќе трае дест дена, а ќе се пропуштаат само камионите кој го собираат отпадот од Гостивар.

Од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ бараат локалните власти заедно со државните да најдат нова локација каде ќе се изгради депонија по европски стандарди, бидејќи граѓаните на Гостивар се противат „Русино“ да биде регионална депонија. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави