Гостиварец обвинет за обид за силување, жртвата се обидувала да го турне и да побегне

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол. Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/жртвата како и можност да го повтори делото.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави