Готова амнестијата за дел од обвинетите за крвавиот четврток

Телото за помирување во Собранието по неколкунеделно усогласување го изготви предлог-текстот за селективна амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април минатата година.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој го предводи ова тело рече дека со законот нема да се бара амнестија за „организаторите и насилниците“.

„Направена е разлика, најдена е правна формулација за дистинкција меѓу лицата организатори на настаните од 27 април лани, насилниците и за здружување за непријателска дејност со оние кои не организирале и не извршиле насилство. Секое лице опфатено во процесот на ваквата амнестија, откако законот ќе биде изгласан, ќе треба да поднесе барање за амнестија“, рече пратеникот Рамчиловиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави